остварлив прид.

остварлив (прид.)

За него, во прашање беше една возвишена идеја, тешко остварлива во животот, идеја што лесно можат да ја пригрнат сиромасите, неуките.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Рајот на земјата беше отфрлен кога стана остварлив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никогаш не го прашав колку е остварливо сето тоа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Колку нивниот живот е вистински? Веројатно онолку колку што е остварлива нивната цел.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Првобитниот план да се иселат од куќата не беше остварлив, бидејќи само Томо можеше да се справи со лудата Ана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)