општочовечки прид.

општочовечки (прид.)

Но ако го споредиме српскиот шовинизам со бугарскиот национален индиферентизам и ги разгледаме од македонско, па и од општочовечко гледиште, тогаш ќе треба да признаеме дека српскиот шовинизам, како резултат на основно изучените народни интереси, стои многу повисоко, и многу погоре од бугарскиот национален индиферентизам, којшто е резултат на отсуство на секакво разбирање на бугарските државни интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој човек си го има своето место, својот удел во изградувањето на општочовечката среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И навистина во моментот инаку и не можеше да биде кај народ кој спие петстотинигодишен сон, без национално и општочовечко сознание, каков беше македонскиот, односно мариовскиот селанец во крајот на XIX век.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Може да се помисли дека тоа не се битни разлики, но од друга страна… од друга страна традицијата и културата се светски и општочовечки придобивки.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Од спонтан, непосреден импулс минува во огромен, болен, општочовечки копнеж кон топлина...“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако мажите во своите концепции жените ги приближуваа кон телото оддалечувајќи ги од духот, кого го чуваа за себе, денес жените го грабнаа тој идеологем и го употребуваат како оружје во критиката на андроцентричниот и логоцентричниот дискурс кој се претставува како несексистички и општочовечки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Да сфатиме каков е општочовечкиот однос кон природата и на природата кон човекот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да ги побараме заемките во животот, односно во подрачјата, кои без оглед на изминатото време остануваат трајни, општочовечки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)