опомена ж.
опомене св.

опомена (ж.)

Крчо сѐ можеше да поднесе, сѐ, само овие опомени никако не сакаше да му се меткаат во умот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една, две опомени не помогнаа. Се пристапа и кон други мерки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ни опомените на даскалот, ни прачките, ни фалбите од Стојана и Јована не можеа така веднаш да го смират, како нејзиниот поглед.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пенушка - мртва опомена дека јаките стебла немаат отпор за се.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не ги послуша ударите под превивката, тие јасни опомени дека е еднорак и дека на Мирона вратот може да му се свитка само со ластерка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа беше секако и неговиот гладен поглед, но сепак, беше и една опомена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Само гледај патем да не ти го фатат писмото! - го опомена Планински.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Толку брзаше што Србин го опомена.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Капетанот ги опомена: - Да ја заборуваат вистината и само вистината!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами чаре? — изусти и Ѓуро. — Чаре, низ малото вратниче ако можете да излезите — ги опомена Цвета и летна пред нив да провери дали е слободна таа страна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сепак, оставајќи ја оваа опомена настрана, да започнеме со Деридината главна философска теза: одрекувањето на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Поставувањето на прашањево е повеќе опомена отколку вистинско прашање.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Мајка му го опомена да не биде алчен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон се оттргна малку од летаргијата. Мора да зборува со Емплфорт и да ризикува опомена од телекранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас нема, пречесен, да те убедам дека видението – собитие стварно беше, оти нема да ми веруваш, но душата моја сѐ повеќе смета дека тоа нечестивиот ми испрати ангел лажен, црн, на бело престорен, и дека тоа го стори и како знак на опомена и до тебе, и до царството наше; сѐ почесто си мислам дека тој ангел нечестив предупреда беше, пророштво дека на дворецот твој допрва ангел таков со букви лажни и ука согрешена сосем – ќе дојде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа на неколку пати фрли кус, секавичен поглед кон него како да го опоменува да не го прави тоа сега додека таа е со своите колешки, но авторот намерно не обрна внимание на опомената.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Долго работевме да го возобновиме оној дел што Господ го одзеде како опомена за нашите гревови. И во тоа успеавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- Не грижете се, знае Јана дека сакам да ја поттикнам! Нејзе не ѝ пречат опомените.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе