операционен прид.

операционен (прид.)

Докторката вели: - Ова е операционата маса. Ова е скалпел. Ова е вашиот јачмен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Треперливо се држеше за работ од операционата маса, којашто сѐ уште беше лизгава од свежата крв.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Инаку пациентот е сосема во ред”, рече главниот лекар, „уште и операционата маса ќе ни ја сруши кога ќе го вратиме од наркоза, сила од човек.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мери со око, го потсекува рамно, прачката не ја пушта долу, зашто тука е дедо Иван, стои зад него како некој болничар зад докторот во операционата сала, и тој ја позема.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Лекарот рече нешто на унгарски, а потоа на руски: - Ранетиот во операционата сала - рече отсечено и излезе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)