опачина ж.

опачина (ж.)

Но таа си остануваше сѐ иста: навикната да ја гледа само опачината на работите, сурово одбиваше сѐ што би можело да повее радост, надеж...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас и ти премногу добро си ги знаеме опачините за да си бидеме интересни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кралскиот шут е опачина на кралевската гордост, самољубивост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И потоа никој од никого не можел да искорне ни пелтечав збор, никој над никого господар и секој роб на својата опачина, на својот страв дека дел од нејасна вина лежи над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сликата личи на некоја сцена: куќата со скелето осветлена, а просторот зад нив темен, не се гледа заднина ниту има длабина; како да се спушта темна завеса зад куќата. На опачината од сликата стои: 26. IX 1936, Будимпешта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Албер Ками, распнат во свеста помеѓу светлината и нејзината опачина – темнината, ќе го упатеше погледот кон небото со повикот: „О, небо, отвори се!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Има нешто жестоко кога се во прашање бунарите: не можеш да ја видиш опачината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Не може да се види опачината“, му реков на Владе, „несвесен дека всушност ја читам реченицата што ја гледав на листот хартија“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Последната реченица што бев ја запишал гласеше: „Има нешто жестоко... Не можеш да ја видиш опачината. Не можеш да ѕирнеш од внатрешната страна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Боге пласна со опачината по водата, божем во ракоплескање, но веднаш ги смири веслата на знак од Фоте да запре.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подоцна, кога се поднапија тој измисли и соодветна команда: „Лицето навнатре опачината вон!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
2. Зад оваа опскурна изјава која сугерира успех, за кој владата очекува да биде пофалена, се крие опачината на градењето бизнис рај, се крие грдата стварност на намалувањето на работничките права, на руинирањето на многу човечки судбини.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
192 ЗАКЛУЧОК ОПАЧИНАТА НА БИЗНИС РАЈОТ Иако „транзицијата“ никако не завршува, спасоносното решение сепак се знае – привлекување на странски инвестиции, претворање на Македонија во посакувана бизнис дестинација, во бизнис рај за странските инвеститори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Забрането одење по стапките Забранети стапки по нестапнатото Забрането блиско во далечината Забрането лице во опачината Забрането отворање на сандакот Забрането ловење спитомен дивеч Забрането бакнување илузии Забрането дете во утроба Забрането плетење бессоница Забранети обетки на црешната Забранета година во векот Забрането икање на работен ручек Забрането паркирање на крстопат Забранета плитка вода во вирот Забранета емисија за змејови Забрането срце во кафезот Забрането чешање по тилот Забрането слегување на патот за горе Забрането гракање според “Неверморе!”
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Опачина зошто на лице се врти?
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Повеќе