одѕвие св.

одѕвие (св.)

Долината на реката јачејќи се одѕва.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само една огромна, до болка раззината ужасна глад, во тие испрекрстени писоци, пред кои се отвораше и молкнуваше целата Долина, сета ноќ, сиот свет, престорувајќи се во некаква бездна празнина, што не можеше дури ни да се одзвие, ни да одекне, ни да одѕвони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто се враќам, си велам, кога нема со кој збор да размениш: ни по кого да викнеш, ни кој да ти се одѕвие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знам дека нема кој да ме чуе, нема кој да ми се одѕвие. Ама имало. Ми дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кравата рика од пондилата, телето прета со ножињата, веќе не може да се одѕвие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кој не ќе се одѕвиеше на законот му беше одземан имотот, сам тој погубуван а неговиот сој паѓаше во царска немилост.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јас сум, ти доаѓа да му се одѕвиеш на тој глас, јас сум тоа, мајко, и сенка само гледаш на некоја митска птица која прелетува и павта со крилјата пред врата да ѝ отвориш.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)