односен прид.

односен (прид.)

Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А дека Градиште можело и да биде богомилска населба, одредени податоци, и ако од науката неутврдени - поправо не е утврдено точно која била и точно каде била лоцирана односната населба - пружа Виљем Тирски: Напуштајќи го Костур, рицарите на Боуменд нападнале една укрепена населба во битолско-прилепскиот крај, која била населена со „еретици“ - богомили.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Раѓањето на кубизмот кој ја распарчи ренесансната слика - прозорец во илјадници стакленца од односни сетилни реалности - се случи практично истовремено со Einstein-овата формулација E=MS2 од 1905 година.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Според нив претставниците на сојузниците на Блискиот Исток не биле наклонети за соработка, бидејќи тие не можеле да сфатат дека: „а) СОЕ може да игра важна улога во војната и дека, б) најголемиот дел од оваа работа не може да се изврши од претставници на британската националност и дека во сите случаи работата подобро ќе биде извршена од националностите на односните земји.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но Гого, сосема случајно, онака патем или под јазик, разбра дека токму тие биле против него, со образложение дека е толку темпераментен што е просто напросто неорганизиран, а како педагошки правилно ќе влијае врз децата, кои во начело, нели, треба да се подложуваат на дисциплина, па и на ликовната дисциплина; тоа се однесувало на практичната настава, а пак што се однесувало до теоретската, познато е дека односниот бил потпросечен по успех уште во своето школување, па секој незавршен студент по историја на уметноста би бил посоодветен од него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така е, Горде? Таа одвај го удостојува односниот со бегол и потценувачки поглед, па го одвраќа истиот час од него и го посветува на масата на која одеднаш станува главна.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но уште истиот час констатира дека згрешил што се легитимирал и како новинар, зашто командирот веднаш се закопчува и официјално ги изнесува само сувите податоци: дека односната личност, односно неговиот син, е најден обесен во неговиот стан, преоблечен во женска облека, напудрен и нашминкан во лицето, со курвинска перика на главата, што укажува според тие показатели дека бил „дивадејка” (тетовски дијалектизам за педер) и дека веќе е пренесен во Судска медицина на вештачење, а кога ќе дојдат резултатите оттаму еден Господ знае.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Следувал многу логичниот заклучок дека "односното население не е отсечено од неговите 'браќа' надвор од значителното грчко население во источна Македонија, туку обединето со него преку природниот пат низ битолскиот теснец и отсечено само со државната граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кампот и убавината дејствуваат во строг меѓусебен сооднос, а кампот најдобро се разбира кога се гледа во тој односен контекст – како начин на машката геј-култура да се обиде да се одопие од сопствената еротска и естетска страст кон мажествената убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во вторник, на 23 мај, 2000 година, осуммина републикански пратеници во законодавниот дом на Мичиген предложија измени и дополнувања на законот за годишниот буџет за високото образование, со кои се бараше од државата да издвои 10 насто од годишните наменски средства за Универзитетот на Мичиген и да им ги распредели на четиринаесетте други државни универзитети во Мичиген, доколку односниот универзитет има предмет „промовирање или олеснување учество во стил на сексуално живеење или сексуални практики инакви од хетеросексуалната моногамија“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)