одмазди св.
одмазда ж.

одмазди (св.)

Да, не од недостојна смрт... За насилнички дела отплатник беше, знаејќи да одмазди смртно за својата дружина цела, голем страв сегде ширејќи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А како ќе му одмазди Луман на Бошка за тоа што рекол дека ќе го предаде на комитите, се знаеше – со крв и никако инаку.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Ах, - пристори Луман и од бес што не ќе одмазди за својата смрт, со последните сили што му останаа во снагата, замавна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мислеше дека ќе крикне, ќе замавне, ќе одмазди нечии три исечени маслинки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека беше одвоен од нас се одмаздував на неговата мака.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гледај го Гелета; расти го да порасне, јунак да се стори; земја и вера да брани, за дедо и татко да си одмазди...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тука го препозна Трајка дека тој го удри по глава кога му влегоа во конакот да ја спасуваат Анѓа и уште толку го зацврсти решението него да го осуди на смрт и со тоа да се одмазди за сето она што му го направија Мариовците за овие дваесет и седум години борба. – Што велиш сега, Анѓо?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потоа, останете таму над него и разгласете дека е тој убиецот на Ѓорчета и дека вие сте му одмаздиле во името на Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тој реши да одмаздува за сето тоа ропство и си постави задача да тепа бегови, да пљачка нивни имоти и ете го: најде соработници во Мачникот и Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе уште тогаш со алчност ги погледа арамиите и нивните јатагани, кубури и пушки со кои овие се бранеа од Турците и со кои и колеа по некого што им паѓаше в раце да им одмаздат за многуте зулуми што им правеа на христијаните и сиромасите, како Адембег на неговите родители и нему.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како да сакаше да се одмаздува на другите за својата несреќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ние, добри мои имаме безброј примери, кога одлагањето, непочитувањето тешко ни се одмаздува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Се одмаздувам, велам, кои беа судиите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште сака да ми се одмаздува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само виделе при светлоста на огновите некаква крвава крпа од месо и кожа во коњската челуст и го виделе офицерот како се зграпчува за лице сличен на гробник со два профича и се стрчнале обезглавени и ужаснати да се одмаздуваат со истрели и со сабји дури кога Лебед од скок, како да се лизга по невидлив мраз, се изгубил, ги оставил неми и бавни во движењето и му се вратил на овој мрак од кој дошол.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По отуѓувањето на најмладиот волк, глутницата, под команда на навредената волчица, се решила да се одмазди.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го познавав: тој можеше да се одмаздува со раце и со нож, никогаш со оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе