оддалеченост ж.

оддалеченост (ж.)

Трепетлива врелина под клепките, метална болка во градите, млака, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Седи Патрокле и е тажен поради осаменоста и оддалеченоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да ми беше хашишот овде во оваа близина до слободата, во оваа оддалеченост од луѓето!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Трепетлива врелина под клепките, леплива крв под дланката и оддалеченост од сѐ што станува во тој ден. Се сети на некого од едно румено и зажарено лето, во една блага западна смиреност и скоро 'рѓосан сјај на 'ржта, бојата на класјата го пренесе на нејзините коси.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Оддалеченоста на појасите е на околу триста метри, а на шеесет метри растојание меѓу редовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас по него на извесна оддалеченост, за да не ме забележи оти го следам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оддалеченоста помеѓу стиснатите дланки и градите се намалила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш гласот допираше од голема оддалеченост, понекогаш тоа беа два гласа, многу гласови, цела скала на човечки извици што му навираа во устата, но нивните зборови беа секогаш истите: „Погледни, погледни, ние го сторивме тоа!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Под нив, по улицата одеаа двајца луѓе, патрола следена од седуммина, на безбедна оддалеченост.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Громот удри на десет километри оддалеченост, на пет километри, на километар, половина километар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ѕвездите ја опколија ноќта. Светкаат треперливо, нерешително, како да ќе ги згасне самата оддалеченост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Воајеризмот, фетишизмот и еротизмот кај Ворхол Ворхоловиот воајеризам најпрвин го поврзуваме со неговата лична пасивност која се пренесува во неговото творештво како одвоеност или оддалеченост од објектот („Сѐ уште луѓето ми значат... но толку би било полесно да не ми значат...“).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пустините и калифорнискиот песок секако дека најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Гледаше во неа од неколку чекори оддалеченост.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше на оддалеченост од светлосни години, но О'Брајан сѐ уште стоеше покрај него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Молчиш и здржан си за да можеш да ја дофатиш оддалеченоста што ја создала смртта и во исто време да се одбраниш од нејзината блискост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одалеченоста на местото за спуштање била три часа од Црвена Вода.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе