одглуми св.

одглуми (св.)

Значи, намерно или од некои други причини, Стојна се обиде да одглуми дека го заборавила првиот случај и писмото што го испрати се појави (но не знам кој го виде) дури по случајот број два, или, преведено на обичен јазик, со десетина години задоцнуваање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Е, ако се лизне, обавезно ќе скрши рука или ќе одглуми дека ја скршил.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во публика Фрчко, Јане Миљовски и пар сподоби шо немаат ни благе везе од џез, а добиле гратиси преку некоја фирма или швалер со цел да ги покажат своите гнасни сурати и да одглумат елита сокривајќи го своето паланечко потекло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можам да одглумам ако е потребно, за доброто на некој друг. Повеќе од тоа, не можам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во првиот момент одглумив дека не ми е познат, иако многу добро го знаев тој човек, а и целата јавност го познаваше како многу контраверзен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш Рада го одглуми веќе направениот план.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
После две недели тој ми се јави и сам ми призна дека тоа беше одглумено, иако воопшто не го ни прашав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Каде си, дома ли си...!? одглуми топол глас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)