обѕирне св.

обѕирне (св.)

При кревањето на завесата од оџакот излегува густ чад кој брзо престанува, а потоа се појавува на вратата баба Анча, која се обѕирнува зад себе си.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Нема да си одам додека пак не се видиме. (излегува горд, весел и насмеан, но пред да излезе од кај вратата се обѕирнува, и дава бакнеж со рака и тогаш излегува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
10. ПАДНИ И ВЕДНАШ СТАНИ - до кога тоа така ќе биде: да се обѕирнуваш на сите страни за некој шегобиец да не те виде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се обѕирнува наоколу - никој!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се обзирна: големата риба уште еднаш заокружи околу него, потоа, со нежно бранување, изнурка насмеаната глава на – делфинот!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Наеднаш гледам, се обѕирнува кон мене, кон прозорецот, сака да ме види, како да бара помош да го потсетам што се случило или можело да се случи деновиве, и што било причина да ја поттикне власта да се заинтересира токму за него, но очигледно ништо не му идеше наум.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Не обѕирнувај се - ме фати за рамото Величковски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Животот можеби не ќе беше ни овен ни бишка, ако не бевме ние, вели речиси налутено Крсте Манев обѕирнувајќи се да види кој сѐ го слуша.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се обѕирна околу себе, па иако тоа се чинеше смешно, нему му се пристори дека во празната просторија заедно со него беше влегла и зимата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)