нула ж.

нула (ж.)

Коњот го заврши својот живот в круг, кругот беше нула.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Опишан круг на животниот пат. Круг - нула. Нула. Нула - непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ние сме сега ништо: мувосерка, црвец, нула.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ми е нула, на точка на исчезнување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ние“ чувствуваме потреба по скалила и врвови „Сакаме“ само да погледнеме и да се видиме разиграни над рулетот Додека топчето застанува над нулата и банката собира сѐ Да бидеме војници во непостоечки војни Работници и питачи во ред за дневни потреби деца занесени во “фантастичниот” свет на игрите птици со врзани крилја во железни стеги ланци на вратот и пропишани норми.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Нежниот глас на спикерката и благата музика ги следеа заледените фотографии на советските градови во кои живата се симнуваше до 40 степени под нулата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е рамно, ништо, нула.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нулата навистина нема никаква вредност. Таа е само шуплив круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сепак е во право- Пупи Паф е нула. Нулата е нула, и нема дилема: пред себе без бројки трошка вредност нема.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пред парот застанува еден одвратен силос во маица и џинс, истрижен на нула.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Видов милион нули на таа линија како се криват и губат во далечината, се насмеав и реков: „Извините, јас не сум математичар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Моралот одамна ја мина точката на замрзнување во која со децении беше и сега е длабоко под нулата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се прашуваше дали тој и Џулија сепак не го згрешиле времето - преспале дванаесет часови, а мислеа дека е дваесет и триесет, кога всушност било нула осум и триесет наредното утро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само еднаш, кога два члена на Партијата, две жени, седеа стиснати една до друга на клупата, успеа да наслушне, сред вревата од гласови, неколку набрзина прошепотени збора; и посебно споменувањето на нешто што се викаше „ соба еден нула еден“, што тој не го разбра.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во тој момент О'Брајан погледна на својот рачен часовник, виде дека е речиси единаесет нула нула и очигледно реши да остане во Одделот за документација додека да завршат Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сочинението е мрежа пајакова, круг, нула чиста во која се содржи сѐ, од која сѐ излегува и во која сѐ се враќа, како што од утробата на жената, на буквата Ж, пород излегува: утроба, источник на светот и уточник, кога наслада во жената и писмото се бара!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога го виде ливчето, на Ивана му застана гласот. Една редица нули.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се сетив, ете баш во тој миг, масичето ме потсети, задржано од старата кооперација, можеби за да го избегнам барем во моментот неудопството, се сетив на онаа мала свеченост пред повеќе години, во времето на големата инфлација, кога парите добија многу нули.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јадеа безволно зашто во жештините апетитот е нула.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Како ќе се плати оваа страшна сума, една редица нули, како одовде до Ресна. Пот гргна од него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе