ноември м.

ноември (м.)

Во 1889 година бројот на стипендијантите на тоа друштво се зголеми, за да се намали по неколку месеци: во ноември месец на таа година околу 40 души ученици Македонци едни тајно, други јавно и демонстративно, поминаа од Белград во Софија за таму да учат (се разбира, со бугарски пари).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Хегел не останува конечно во Јена, обиколува разни немски универзитети, додека најпосле, веќе како многу познат и прославен филозоф, доаѓа во Берлин, во кој останува до крајот на својот живот; умира од колера на 14 ноември 1831.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Есента е богата со соништа иако понекогаш тажна со водата што опаѓа не се плови Ноемврските богати магли со што ли ги дојат реките
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Загина во сообраќајна несреќа во Скопје на 12 ноември 1973 год.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во Македонија се вратил во ноември 1944 год. заедно со старите илинденци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мина месец октомври и навлезе ноември.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Помина ноември. Почна да тече и декември. Наближуваше Нова година.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Солун, ноември 1969 год.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Париз, ноември 1971 год.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Скопје дојдов на почетокот од ноември.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во ноември истата година се формира и СНОФ (Словеномакедонски ослободителен фронт) како засебна антифашистичка организација на македонското население од Леринско и Костурско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Сончево септемвриско попладне... Доцна ноемвриска вечер...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше крајот на ноември, а во почетокот на декември, окупаторот го фати во блокада нивниот одред.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така ја сретнал својата жена. Тој ден, што бил необично топол за први ноември во државата Илиноис, младата Брунила Вексли излегла за да ја повика загубената крава.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Трите денови на доцнежниот ноември, стоеше сам, чувствувајќи ги меките бели снежинки на Времето што паѓаа сред бескрајното челичностудено небо и тивко и меко го прекриваа покривот и ги затрупуваа стреите.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ноќна прошетка Леонард Мид највеќе го сакаше градот ноќе, кога можеше во магливите ноемвриски вечери околу осум часот да зачекори на тротоарот, да цапка по изгазениот тревник, онака, со рацете в џебови и во која било насока низ таа прекрасна тишина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сиво ноемвриско утро. Излегувам на утринска прошетка на St. Marks Place.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во ноември Дорс дојдоа првпат во Њујорк и свиреа во Ондин.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој на сите луѓе им беше симпатичен и ништо повеќе. (...) До ноември Велветите престанаа да пробуваат во Фектори и престанаа да живеат кај Стенли.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе