никога прил.
никогаш прил.

никога (прил.)

АРСО: Како ноктите твои. (Посилно.) Е, никога не сум бил волку жеден!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
По тија пот се човечка дими и снага крвава цвили, по тија радост никога нема а с'лнце радосно има!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Тешко е братко, Стојане, мило да немаш крај себе, сакам на книга да учам, в очи ми солнце да влезе, мракој ми душа затнале, ко лисја капат денови, в гора мени промени, одново лист ќе потера, а мојте братко, младини не ќе ги видам никога. – Дејгиди кучко погана, куќа ми, кучко, поцрне.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Ѓаволот се даде на работа. „Де, Митро, сега или никога. Еве ти го душманот в раце!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, побратиме, сега, или никога! Еве ме на твоа бога, на твоа душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Комшивката, облечена во фармерки (тесни) и избледена блуза (широка), веднаш, уште пред да појде лифтот, почнува срдечно да му објаснува: Јас, комшија, никога не одам со малиот, туку со овој, големиот лифт.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Нешо си ми нервозна“, „Много ти љубоморат“, „Пуно имаш душмана„, „У никога да немаш поверење,“ се едни од главните фрази на оваа наша легендарна македонско босанска пророчица која на крај увек ќе ви дае воља за живот со нејзината фраза дека „Среча ти стои“.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)