никогаш прил.

никогаш (прил.)

Тупаници стиснаа силно; пред мртвиот вака клетва изрекоа една: - „Се колнам јас, јунаку, никогаш мајката твоја да не ја нажали Гега.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тој никогаш, па иако копнејќи, не ќе стисне во преград внук. ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пилци да се сторите и од куќава наша да одлетате, да в поле да појдете по трњето да стоите и еден-друзи да се барате, та да не можете никогаш да се најдете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
105. Сарафов, Радев, Јанков уверуваа оти тие се борат со девизата „Македонија за Македонците”, за сите Македонци без разлика, и оти никогаш Македонија нема да се соедини со Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во животот ропски, во страшниот пекол не, никогаш нема никој да не врати; а работа чесна го сакаме веков, имињата славни почит да ги злати.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Никогаш немало македонска народност, ќе речат тие, па и сега ја нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
139. За жал, дури и кога Мисирков наведува конкретни цитати од други автори, никогаш не дава поблиски библиографски податоци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ела, Коле... (Го прегрнува Колета). Татко ти не ќе си дојде... Никогаш не ќе си дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ТЕОДОС: (Влегува во ноќна, долга кошула, со мазно од вечерта избричено, а мрачно лице, на кое никогаш, ни за миг не светнува осмевка и ведрина, со густи, накуштравани веѓи кои го оцртуваат намуртеното чело и го засенуваат, правејќи го уште постуден студениот поглед; со остар, отсечен говор, кој скоро никогаш не е разговор со луѓето, ни со најблиските, туку карање, викање на нив, на најблиските најмногу, со потценување дури и презирање преку волја, како и да не заслужуваат со нив да се разговара.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ДЕПА: Не ами, никогаш не сме ја кревале додека не сме се вратиле од попратувачка.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Причината за развитокот и движењето на категориите па „светскиот разум“ тој никогаш не ја барал надвор од нив, туку ја откривал во самите нив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Се добива „апсолутна идеја“ на логичките категории, којашто е безлична и многулична, никогаш не мирува и чијашто природа е „вечно да се движи.“
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Според Хегел, една категорија, една идеја, еден поим никогаш не е само тоа што е, никојпат не е само рамна на себеси.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Зарем тој ќе ме остави мене на мака! — Никогаш!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ти, со тие твои преблаги зборчиња, просто ме омајваш и јас никогаш не можам, што се вели зборот, ни во сонот да помислам на друга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А сонцето припекло како никогаш ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Поранешните свои школски другари слабо ги сретнував: Димка само понекогаш, Антета скоро никогаш; тој работеше во некое кино од утро до мрак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во куќата сум незабележлив. Се сопнуваат на мене, ме кошкаат и никогаш ништо не ми говорат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Димко отиде на занает кај коларот од соседната улица, Аким пак се врати кај својот мајстор во слаткарската работилница, Баждар преседе некое време зад катинар потоа се изгуби од улицата кон онаа страна на Вардар и му стана помошник на еден рибар, за некое време остана кај него на работа да ги печали тврдите залаци на црниот леб, онака како што никогаш не ги печалел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Така е адет. Не се седнува на трпеза немиен никогаш, оти лебот ќе избега од куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе