нескршен прид.

нескршен (прид.)

Ќе ги смукаат, ќе шмрчкаат, ко настинати и ќе ја фрлат лушпата, нескршена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Германциве ги пијат живи, нескршени, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во кујната го очекуваше миризбата на свареното кафе и појадокот, трпеливата сопруга, која ја разбираше и поднесуваше необичната внесеност на својот сопруг во своите книги, кој за среќа се врати жив и здрав од Голи Оток, со нескршен морал крај своите книги кои единствено отсекогаш го прифаќаа и разбираа, кога беше од сите отфрлен.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)