нераскинлив прид.

нераскинлив (прид.)

А ти си од крв и месо и не можеш да не ја чувствуваш близоста и нераскинливоста со сето она што постои.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со судбината на историските личности, нивните индивидуални животни стории, писателот ја воспоставува нераскинливата врска со сопствениот народ, колективното егзистирање, што ќе рече оти како уметничко- естетска вредност романот е дело за една личност која во себе најубаво и најуверливо ги одразува и содржи сите народни идеали и се стреми кон општочовечките, униврзални димензии на егзистенцијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се потев во Плодот, станував дел од неговата нераскинлива целост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Како сега да се помириме со тоа дека Египјаните си допуштале таков посебен контрадикторен јазик?... дека на меѓусебно најнепријателските мисли им давале една иста гласовна подлога и дека во нераскинливо единство го поврзале она што взаемно најсилно се спротивставува?“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сѐ е исповрзано, со силни, нераскинливи врски – коментираше Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Продавачите на семки и праматарите со секакви дребулии се нераскинливиот дел на шеталиштето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Големиот руски режисер и модернист, Андреј Тарковски, за уметноста ќе рече дека е нераскинливо поврзана со прашањето за значењето на егзистенцијата на човекот во вечната потрага по апсолутната вистина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Осум раце се држеа во круг, во нераскинлив синџир на среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако престанаа солзите, се вклештија раце во раце, чиниш сраснале во нераскинлив стисок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)