неразрешен прид.

неразрешен (прид.)

Севкупноста на тврдите објекти во кои е внесена одредена информација е позната како „материјална култура“ а нејзините карактеристични мемориски недостатоци (таа се изупотребува и станува отпадок) сега се претставуваат како сѐ уште неразрешени проблеми кои, според некои критичари на културата, го загрозуваат и самиот опстанок на човечката раса.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Дарвиш замислено продолжи: - Но, за жал, изненадувањата секогаш се подготвуваат вон метафизичките сфери, во жестоката реалност на светот со вечно неразрешени противречности.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Притиснати од мноштвото неразрешени турцизми кои го очекуваа нивниот конечен суд, тие решија, откако ќе го разгледаат и последниот збор од првата серија милет, на секоја сесија да реферираат за по пет збора, секој одделно, до исполнувањето на замислената листа од сто зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)