непушач м.

непушач (м.)

Тој се воздржувал од сѐ и бил непушач, немал друга забава освен еден час дневно во вежбалницата, и бил заколнат на целибат, верувајќи дека бракот и грижата за семејството се неспоиви со дваесет и четири часовната посветеност на должноста.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја сум непушач, све ми е јасно, ама ова е претерано.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Ги отпечати расказите и со Зипото кој иако беше непушач секогаш ја носеше со себе, за пријателите пушачи да не ја прекинуваат сред збор нервозно буричкајќи во ташната и реторички извикувајќи „абе кај ми е упаљачот?“, потпали убав оган.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Едниот - млад и потентен, полн со живот и неистрошен, со добро работно место и решено станбено прашање, а другиот - постар, сериозен, очуван, образован, страотно зафатен, непушач и антиалхохоличар и со две опашки (возрасно поколение).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во куќата не се пушеше, најмногу поради татко му кој беше непушач.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)