неприличен прид.

неприличен (прид.)

Неприлично е, велам, едни да умираат, а други да јадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Е, тоа се вика вистинска банда, - се помислив воодушевено, погледнувајќи, не без презир, во моите момчиња кои одеднаш ми се видоа многу нежни, неприлично облечени во фармерки и патики, убаво исчешлани и премногу чисти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Им мавтавме со веѓите охрабрувачки, додека мајките нѐ гледаа презриво и ги вардеа гласно и загрижено, оддалечувајќи ги од нашата неприличност.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Дури потоа уследи и објаснувањето: - Сега тоа ми се чини смешно - го објаснуваше Катерина моментот кога Јана ѝ го грабнала младичот - иако станува збор за неприличен акт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој владее и со можноста преку неконтролирано однесување да го стимулира незадоволството кај потчинетиот, а потоа користејќи ја својата власт да го казни непромисленото и неприлично однесување на потчинетиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Немам причина да измислувам, сѐ што реков и вистински се случуваше, а јас дури и се обидував да ѝ ја задржам раката на Катерина во мојата за да не мавта бидејќи светилката во собата гореше и нејзиното однесување веројатно се чинеше неприлично: девојка, само делумно покриена со лесни ноќни парталчиња, им мавта на поетите наседнати по високите гранки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во поранешните денови, при едно од спроведувањата кон собата на иследникот ми беше упатена, можеби и со добра намера, опомената дека секое барање од страна на службено лице кое не звучи и како заповед, или барем како закана, треба да се сфати за неприлично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Актерот гласно го искоментира неприличниот гест: „Види го овој!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)