непреоден прид.

непреоден (прид.)

160. Мисирковата поделба на нашиот литературноисториски развиток на три периода не е без основа, особено ако се има предвид целта и времето на периодизацијата: првиот период го претставува времето до појавата на националистичките пропаганди во Македонија и до задушувањето на употребата на старословенскиот како литературен јазик; вториот – времето на националистичките пропаганди (до појавата на книгава, 1903), кога се воведуваат туѓите јазици во Македонија како литературни, период што е како „непреодна стена” помеѓу претходниот и новиот што тој го очекуваше со реформирањето на Македонија и со воведувањето на македонскиот јазик како литературен за сите Македонци, изграден врз основа на резултатите од развитокот на современите народни говори, коешто го смета како трет период што го наречува „преродба”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше сигурен:ја минаа шумичката и од еден скоро непреоден дол, заштитен со боцкави змии на густо збиени капини, излегоа пред студен рид, нем и пуст како тајна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Залудно се трудеше да ја ослободи од тие авети, - да ја ослободи од чувството на човек кој залутал во страшна, непреодна пустина, каде што се секнати сите извори, изгубени секакви надежи... Залудно...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Огледало на природата, магијата на светоста божја... Ко дијамант од живо сребро на патот до сите искушенија ќе го открие лавиринтот на непреодноста на сите неоткриени нитки, но забележани од времето, од сончевиот отсјај, од очите на уметникот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Се разбира дека не може да има поголемо проклетство отколку животот на непреодната граница, ја прифати Татко мислата на Камилски но на Балканот, уште пред падот на Османската Империја, била распространета мислата за трагичната филозофија на курбанот, односно на жртвата, која насекаде на Полуостровот и надвор од него прераснува во култ. Некои говорат и за Балкан-Курбан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)