неодржлив прид.

неодржлив (прид.)

Тоа ќе ја натера македонската интелигенција со различно образование да се сплоти во едно за да го обедини нашиот народ, но веќе не врз таа основа што си ја покажа сета своја неодржливост, а врз друга, врз чисто македонска.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше тоа вистински допинг со веќе неодржливи идеали. Инерцијата никогаш не била поголема сила.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бездруго ги запишуваше зборовите кои можеше да бидат толкувани како повеќе неодржливи, но и помалку опасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)