неинтересен прид.

неинтересен (прид.)

Место тоа сега се’, и работата на бригадирците, и каналот, и она блато што светкаше на сонцето како мало езеро сред непрегледната зеленина на полето му се виде неинтересно, бесмислено и глупаво.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
– Да гледаш живи луѓе да се печат, зар може да биде неинтересно? – му одговори аџи Рампо, сега Рифат-бег и тој вадејќи ги своите бројници што ги донесе од Ерусалим кога отиде да стане аџија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но, не ја следеше понатаму таа мисла. Му беше неинтересна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но кога ѝ кажа дека авионите постоеле уште пред тој да се роди и долго време пред Револуцијата, нејзе тоа ѝ се стори сосем неинтересно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Авторот му рече: „Тоа докажува дека домувањето во самиот себеси не е неинтересно“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Се лизгаш низ сопствените раце, како јагула немирен, и за себе недофатлив И светот со тебе се лизга ко дете на тобоган, Привремено весело, сепак...повторливо, толку извесно просто неинтересно - се знае дека на крајот ќе падне она што паѓа од високо.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Најинтересно е што во таа лежечка состојба, сите почнуваат да солат памет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)