неизоставен прид.

неизоставен (прид.)

Секогаш кога се враќаше од неговиот, за нас многу необичен пат, тој неизоставно ни донесуваше по една приказна, и тоа секогаш сврзана со годишните времиња.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знаеме ние дека мајка ми и татко ми неизоставно ќе дојдат да нѐ бакнат пред спиење, заедно со нив ќе ја отпееме нашата „химна“ пред заспивање: „Ние сме мали дечиња, играме како мечиња“, и ќе се смееме потоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да си го устроите духот со суштината и елементите на пропаста е уште една залудност, во која неизоставно се губи етичката дистанца и си ја прикачувате јамката на деструктивноста.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Само тие жени беа доволно храбри искуството на својата лична човечка слабост да го артикулираат во кохерентна приказна за себе и за своето време, која стана неизоставен дел од колективното искуство на целото чилеанско општество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неизоставно така прави и секогаш одново го разгледува со љубов и внимание.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Рече дека, во првиот дел од прегледот, ќе му постави неколку неизоставни прашања на пациентот, пред да го изврши другиот дел од прегледот, за да може да му понуди што поцелосен увид на медицинскиот колегиум.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Меѓутоа стариот Бургиба, кој му ја донесе независноста на Тунис, како фанатик на политиката чекор по чекор по мирен пат благодарение на својата стратегиска мудрост ја обезбеди првин автономијата, па потем неизоставната независност на својата земја, но и како признат мудрец во земјите на третиот свет, и покрај болеста и изнемоштеноста, ќе го најде вистинскиот мудар совет за својот забрзан гостин: Пријателе Арафат, да сум на ваше место, јас би ја искористил историската шанса за да ги кажам вистинските историски зборови пред преставниците од целиот свет!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големиот океански бран ме крена угоре како што се креваат големите мераци па ме тресна на дното каде што неизоставно завршуваат големите надежи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Неизоставен дел од процедурата беа неговите интригантни пораки. Сакал пак да се видиме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На врата како и секогаш стоеја двајцата добро познати охридски фраери кои се неизоставен инвентар на езерската чаршиска лига, секогаш подготвени за нови освојувачки походи на зрели и исончани Холанѓанки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Розева кошула, сиво сако, фармерки, патики и, неизоставен дел, стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)