недостапен прид.

недостапен (прид.)

Страшниот пискот го слуша, недостапна сала за солзи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Наелектризираната Ниривина е секако еден долг сексуален сон за некоја недостапна девојка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во многукратните асоцијативни и симболички зрачења на македонскиот збор, именките и придавките како да ми открија еден до сега незнаен и недостапен свет.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Целото претпладне го поминаа во ливадата чувствувајќи како да се наоѓаат во некое осамено рајско катче недостапно за очите на луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Земјата смекнува, негде веќе богато се искитени лилјачињата, кон орелот лета неговата придружничка - утре таа ќе лежи неподвижна меѓу недостапни карпи врз јадри јајца, а околу мене земјата беше гола и штура, македонска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чувствувам дека за него, потеклото на страста беше боженска и недостапна тајна за кратковечната човекова мисла.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Поради недостапноста на овие критични информации, читателите чувствуваат одредена „исклученост“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Велот на морализаторството и сензационалистичките прилози по разните медиуми направија информациите за дрогите и ризикот што тие го носат со себе да станат недостапни како за родителите така и за нивните корисници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ноќта се растегна како Земјата да престанала да се врти. Господата академици ја преболеа гладта и се осетија како призраци, зарипнати и со недостапни мисли.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но сиот свет му беше недостапен на мојот поглед и јас гледав само делови од светот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но, чуден е и недостапен“.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И бидејќи редовите први веќе недостапни беа, најде едни скали Филозофот, скали што водеа право угоре кон небото!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Таа, публиката не е под маска; но таа гледа дека оној кој говори срамно, оној кој го говори она што таа сака да го чуе – е маскиран, заштитен, недостапен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одев и сакав да одминам, оти знаев дека Лествичникот не е таму, дека блудничи со девојката во источната одаја на гревот, кога одеднаш ми падна на ум нешто: можеби чашата на Соломон, изворникот изгубен на сите неволји и записи чудни, се наоѓа токму во неговата одаја, на место сосема видно, незаклучено, оти таму законот нема да ја бара, туку на место скришно и недостапно за виделото човеково?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уште еден доказ, си рече Сандри. Уште еден дека знае: кога двајца пријатели одат во куќата на една недостапна жена, едниот сигурно е тука за да ја прикрие вљубеноста на другиот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Настапува состојба на испразнетост: душата е некаде другаде. На туѓо, забрането, недостапно место.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Далеку од очи, далеку од срце, нова категорија на врска, во која не мора да бидеш секогаш тазе исфарбана, а за на „скајп“ си ставаш капа или шубара и си муабетиш, или си недостапна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше недостапен на двата броја. Бев готова да доживеам нервен слом.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Оваа излитена идеја (ide reue), ќе го оддалечи Балканот од европските лингвистички кругови, сметајќи го како недостапен, комплициран и неразбирлив...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе