недоспан прид.

недоспан (прид.)

Се погоди некој спанко, недоспан човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде чедо, ајде синко стани, со рано пат си фани, крени клепки недоспани...“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Утредента, по хотелската ноќ под илјадитиот отпечаток од графиката: превртен чун под жална врба на езерски брег, спани- недоспани, бабуњосани и мамурлии, појдовме да го земеме Живка од дома.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)