недоречен прид.

недоречен (прид.)

Знам, се сетив тогаш. Мојата недореченост и моето прашање - што сака Марија?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Патувајте, птици. Јас сум само смрзнат и недоречен крик на моето месо. Крик за еден југ, за една топлина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас не сум празен простор без бол и без збор. Јас сум само недоречен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стој! За нокаут, стој! Диво чкрипење на кочници, недоречен крик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Имаа исти гласови - врел, рапав шепот и се договоруваа со недореченост, сепак се разбираа. „Сега“, шепна една од сенките. „Заврти и шибај.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога појде со стиснати усни низ стеблата, некој од селаните дофрли: „Оздрави и врати се, попе,“ тие танки, пајажести нишки не допреа до него, се распрснаа под зелените стеблаци и изгаснаа оставајќи ја недореченоста на луѓето да се грчи во некоја нивна внатрешна суводолица. Поп?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во богатото и разнородно книжевно дело за деца и млади на Ванчо Николески, во недоброј убави и толкупати недоречени и незавршени страници од писателовата идеја и мисла, по неговиот знак на препознавање „Волшебното самарче“, секако и романот „Гоце Делчев“ е во редот на оние негови дела по кои ќе го познаваме и помниме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некој со топук се обидел да го здроби недоречениот стих на Мевлана. Попусто до проклетство. Забите уште повеќе се разголеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бидејќи најсериозно мислев, а и сега мислам дека таа недоречена симпатија, или занес, дури и за самата Рајна и не беше ништо друго туку еден од нејзините безбројни каприци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но сепак, не верувам дека сето тоа влијаело во недореченостите што се однесуваат на твојот случај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас е јазик јаз'к да ми е ако не кажам што гледам што слушам ако не кажам што правам што направиле од мене што насетувам што насетиле и без мене и по мене за да има сеќавање јазикот ако не кажам кој се огрешил во име на народот, во име на Бога со предумисла со завист од зловолја во злодоба кој понижувал, истребувал, казнувал жива сода прскал со жив збор во очите на бедните и блудните крстените и недоречените слобода кој презирал не давал одземал кој се повлекувал предоцна и без крепост кој се тешел, кој се правдал ако зло правел - зло не кажал јавно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кажи: задоволството е во занесот по зборовите, не самите зборови: кога сѐ е речено, недоречено кога зборувањето е пасија, од по жица по тенок мраз, скок над гротло ; кога се разбираме молкум, со поглед, со мимика, со гест со крстот на чело; кога се разбираме наспроти зборовите со интонацијата, со бојата на гласот; кога ситуацијата е дел од разговорот;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И токму таму и тогаш, поради фрагментарноста на зафатот, поради недовршеноста, недореченоста и свеста за отсуството на целината, поради тоа сознание, бездруго, се повлече раката, запре толку саканиот ракопис.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
17. Сега е само зборот негов дом и дом на секој на помнежот што му се радува Не беше тоа патот што води од ништото во ништо Трепетот на крвта се провира под божилото на светлиот лак кон пределите идни на биднината Го изоде тој патот на правот ѕвезден свој расеан во темнината Очите негови гледаат и болот отаде штама и болот како во огледало ликот што му го враќа со невените на надежта Среде нив зората таа убавата посестрима во прегработ го пречекува на недоречените зборови И тој провирање меѓу ридја и луњи низ градини пробудени и вирови на пронајдениот збор станува онаа светлина што го пројаснува мракот и ја открива прелагата темна на смртта Зборот е сега негов дом Дом е на светот низ кого песната оди и раскражува за муграта и виделото што виши со помнежот над ништото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Заминуваш, како спомен ми го оставаш погледот влажен и зборот недоречен за тебе неважен.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Апсолвирана недореченост. Ракописот личи на мене.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Цареви и слуги ме гонат низ бездомност, низ молњи и недореченост, низ сѐ човечко мило непроговорено во трепетот на пеперутките. Трепетлики во она што се сака.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
- Малкуте живот што му остана - истече заедно со крвта што клокотеше во неговите гради и со недоречената мисла. Имаше широка пробојна рана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)