недоброен прид.

недоброен (прид.)

Беше тоа еден таков морничав страв од височините, а во соништата тој му се прикраде така, што секогаш се изнаоѓаше себе си осамен и несигурно стапнат на скелето на една толку висока градба, која ја имаше височината на сите оние недобројни зданија, создадени од него, уште од неговото детство, наредени едно врз друго, од кој наеднаш тие скелиња почнуваа да се отпетлуваат, бетонските плочи остануваа да висат над провалијата, тулите се трошни под неговите стапала и тој онаков малечок, навистина пргав, кажав, но наеднаш толку мал и страсен не можејќи да стори ништо друго против тоа, се отпушта оттука надолу, во онаа бескрајна празнина под него, која чиниш со жед го впива во себе неговото до непостоење лефтерно и ситно тело...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Песната „Две тишини“ е поетска мајсторија при која се ѕидало со прости тули, а се добила невидена палата, или, поинаку речено, делничните зборови се изложени на толку необично и несекојдневно (ретко!) сонце што фрлаат сенки начичкани со недобројни значења.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И се тркалаа удолу зелки, зелки, едночудо зелки - зелени зелки, оти тие и во сеќавањата не си ја менуваат бојата, се тркалаа удолу зелки, зелки, недобројни зелки - сочни зелки, оти соковите од младините никогаш не пресушуваат, се тркалаа севезден саде зелки - јужни зелки, набабрени од детски галежи и мечтаења, збрлавено итаа прудолу млади зелки, ненагодени и ненаносени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)