неартикулиран прид.

неартикулиран (прид.)

Сите овие квалитети, иако неартикулирани, Кејџ ги наоѓаше во природата, во нејзиниот начин на функционирање.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да се биде сам со неа која е тука некаде но сѐ уште неартикулирана барем од овој агол од кајшто јас гледам веќе тропка по прозорците веќе грепка во очите !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
3. Горниот свет Неартикулирана камена композиција втисната на Гарван, черна древна птица затскриена зад брезите, дабојте, черешните меѓу трепетливиот и див отсјај на небото двосмислена како поетски знак и живописна а ние - недораснати да ги разбереме мегалитските, сакрално елементарни глетани семи на минатото само ги посакуваме, и - приседнуваме на Плочите небаре во неправедно студениот скут на Господ кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу во подземјето полно мицелиум и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Коа нема трава може и табли да кркаат - рече падавичарот и почна неартикулирано да мрда со главата. - Абе какви табли каков бутур.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Имаше и неартикулирани бандити од планина кои до вчера стискаа на чкрапалото од калашњиков, а сега стискаа на копчето за гласање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)