најнакрај прил.

најнакрај (прил.)

Интересно: модринката се искачуваше колку што нокотот растеше. Најнакрај имав сосем нов нокот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најнакрај како залог го дадов и моливот што ми го подари тато, со натпис - Штедете во Стопанска банка - па и него го загубив.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тато одбираше небаре многу се разбира во инструментите. Најнакрај сепак побара помош од продавачот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Најнакрај каков џубокс е тоа кога има само една песна?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Ѝ носат, и не носат - сѐ така се расправаа, најнакрај Мими сепак попушти и мама Злата ѝ ги обу чорапчињата и сандалките, напоменувајќи: - Да знаеш, ова е вака само денес - затоа што ти е прв ден!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го прибраа алатот. Најнакрај по групи се сликаа за спомен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најнакрај самата одлучи: „Јас ќе ја нацртам нашата зграда и пред влезот многу жолти џунџулиња!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Си велам не го личи сонот со император плачипутка со опроштение Дај сврти некаков друг сон похеројски и повесел сон Ама врти сучи Цезар сал туку ќе заплачеше Баш кога не очекуваш тогаш ќе заплачеше Дури најнакрај не се разбра дека цело време Цезар си го плаче претсказанието Оти само тој знаеше дека му истекува рокот на Или Цезар или никој
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Биле принудени од новата религиска заедница, која освен Евреи опфаќала Египќани, Грци, Сиријци, Римјани, а најнакрај и Германи, да слушаат приговор дека го убиле Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Најнакрај, сите сме стуткани во солзите што се мачиме да ги скриеме. Оваа мугра аеродромот е собирен центар на влажнооките: едните овлажнети од тукашнината, другите превлажнети од тамушнината.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најнакрај разбираме дека и разделбите се за во песна и додека трае обновата и изградбата ќе има и нови траги на минливоста.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најнакрај неизоставно следува флуоросцентно,лимон мочање.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Најнакрај ќе завршиш на некоја тезга за сувенири, за спомен и долго сеќавање и ќе ги убедуваш шкртите минувачи дека не си уличарка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)