наслути св.

наслути (св.)

- Малку е, наслутив насмевка зад замрсените влакна со боја на `рѓосано железо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од врелите солзи што ми го разматуваа погледот не можев да му ги видам очите, сепак наслутив дека се сиви, вкочанети.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Што чувте?“ љубезно ги праша; наслути - зад него коњот ја начнуваше сламарицата, чиниш ја џвакаше пресувата ноќ. „`Рзнување чувме“ , се згуснаа, се скаменија, пред него, бараа тактика.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Очите им беа матни како да чадеа од под клепките; над и под таа задименост се наслутуваа првите брчки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Најпосле јас сакам да мислам на своето утре.“ Брат му беше изненаден. „Секако, не си песок“, рече како да го заборавил нивниот последен разговор. „Седи.“ Седна и ја впи канцеларијата во својата свест еднаш за секогаш наслутувајќи зад студените ѕидови строги и непознати дамари.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А јас наслутував што ќе рече, па имав подготвен одговор: - Па и не е.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Потерата наближи на домет. Четворицата војници и еден селанец како да наслутија нешто и позастанаа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ова го рече мама како да наслутува дека во моите соништа е Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од овие примери може да се наслути како ТШ се развива кон тоа да ни даде когнитивна наука која ќе може да се справи со проблемите на човековата перцепција и движење како и јазикот и учењето.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ближеше часот на разделбата. Таа сакаше да останам што подолго, наслутувајќи дека ова ќе ни биде последната средба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Уште кога ќе се појават, наслутуваш дека не носат ништо добро.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа секогаш сакаше и нејзиното име да шета низ загадочните приказни чиј што свршеток никогаш не беше доволно јасен, иако напати можеше да се наслути".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Наместо да се обиде да дојде до некоја информација што ќе содржи или барем ќе наслути некаков излез тој по втор пат ги исцедува помеѓу забите истите веќе искажани констатации: дека Загорка минатата ноќ не ја поминала во нејзината постела и дека за жал не е пронајдена нигде во кругот на болницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бев заустил да прашам случајно да не се случило нешто несакано, непредвидливо… а можеби имав речено… или спомнато нешто необично, бидејќи наслутував делови од некои патеки… но Дуда се чинеше толку несреќна додека доаѓаше или си заминуваше… и тогаш сфатив дека Дуда всушност ми раскажува за себеси; за проблеми што се чинат толку тешки а таа храбро шета по нивната смешна страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем за многуте од замислениве поединости постоеја и потврди или наслутувања од разговорите со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па иако тие среќници (или несреќници) не можеле да ја објаснат оваа своја способност, сепак можеле да го наслутат постоењето на таквиот механизам!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И јас, како и другине што поминуваат оттаму, ќе можам да ја видам само улицата со затворскиот ѕид што се чини сосема обичен. Ништо друго не се ни наслутува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе