наслади св.
наслада ж.

наслади (св.)

Таа ги просветува помрачените од лагата на гревот, тој јазик источи слатки и животворни зборови, тие пречесни усни расцутија со премудрост, неговите пречесни прсти поставија духовен органон и го украсија со златозрачни букви, со таа богогласна уста се напоија жедните за божји разум, со неа мнозина се насладија со животворна храна.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
По тоа се тргна настрана, насладувајќи се однапред на она што требаше да се случи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кон мене лазеа нивните искинати шепоти и сплетки во чија горчина се насладуваа, му се враќаа на животот со врела крв, бабреа од внатрешна сила.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Од друга страна, сите сеирџии се насладуваат од убавото оро што го играше Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој се насладуваше со задоволството и радоста на брата си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тргаше од својата цигара - гледаше откосо и лукаво во несреќната, избезумена мајка ѝ, ненадејно и за неа, ѝ се роди и ја обзеде, во тој момент, некакво чудно задоволство да почека со својот план и да се насладува колку што може подолго на чувството дека ѝ се во рацете мирот и спокојството на оваа богата, чорбаџиска куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вол, коњ, маска, магаре, овца, коза, што имаше добиток со четири нозе, та дури и кокошките ги собираа и ги тераа во дворот на Биринџиевци, каде што Мефаил кондисуваше секоја година и седеше по недела две, насладувајќи се од убавините на трите ќерки и двете снаи на чорбаџи Стојка Биринџиевски.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само чифчиите и комшиите фрлија по некој и друг котел вода, но и тие се насладуваа на пожарот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нешто тајно, кое гали, стишува Кое спокојно во себе го запишувам, Го притајувам, не го објавувам Скриено го чувам, го заклучувам Сетне му се насладувам, се радувам.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Татко ми нешто да открие, а на плодовите други да им се насладуваат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Можеме да се запрашаме каква улога во сите овие односи играат иронијата, мистификацијата, криењето, вештото манипулирање, деструктивната критика или чистото насладување во илјадагодишното здание на „ученоста“; истото можеме да го кажеме и за двосмисленоста на митската архетипска тема на хермафродитот, присутна во Дишановиот трансвестизам, за Мона Лиза со мустаќи итн.; можеме да се запрашаме дали би било добро да се преиспита извесното уживање во профаноста или, напротив, провоцирањето на публиката третирана како куп „лаици“? okno.mk | Margina #8-9 [1994] 197
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За моментно насладување, бескрајно мачење и блуење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Верувам дека тој се насладуваше со Жариевата отворена опсценост, постојаното говорење, во Ибиевите реплики, за задници и содомија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
По многу такви заеднички насладувања на очите, таа еден ден ја тргна штицата од преградата што ги делеше алињата која претходно ја имаше отковано, и се протна кај него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Интензивноста на неговото страдање во него создава насладување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А може затоа ме пика во пазувата за со рацете да стигне до неа, ѓомти случајно, а таа кучката, ќе се таи и ќе се насладува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа му пречеше цел живот да биде среќен: зависта не му дозволуваше да се насладува со она што го има, оти постојано се вознемируваше со желбата по она што му недостига.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Летото донесе незаборавни нешта. Ѝ велеа насладувај се на ова лето оти е последно без обврски.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе