народноослободителен прид.

народноослободителен (прид.)

Збиркава песни од народноослободителната борба - собрани и редактирани од Блаже Конески - до некаде ќе ја задоволи таа потреба.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Оној народ, кој што така непосредно и со изострено чувство го воспевал својот живот, зулумите на турскиот поробуач, борбата и Гоце Делчев; љубовта и разделбата, - не можеше да ги остави во себе да вријат впечатоците од великите денои на народно-ослободителната војна.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Пред почетокот на Народноослободителната војна се вклучил во народното студентско движење и во активностите на МАНАПО.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Селскиот народноослободителен одбор е префрлен на друг крај од селото, во куќата на чичко Лозан, некогашен машиновозач.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Офанзива на Народноослободителната Демократска Армија во Кина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На 23 април, истата година, беше формирана и македонската организација НОФ (Народноослободителен фронт) во чиј состав дејствуваа и македонските организации АФЖ (Антифашистички фронт на жените) и НОМС (Народноослободителен младински сојуз).
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во 1943 година во Егејска Македонија се формираа Деветтата, Десеттата и Единаесеттата дивизија на Народноослободителното движење (ЕЛАС) во чиј состав претежно се Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашиот водач, кој нѐ поведе во народноослободителната борба, ја доби и последната битка за да ја спаси нашата земја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Особено голем политички успех бил постигнат со формирањето на масовната политичка организација Славјаномакедонски народноослободителен фронт (СНОФ)323 кој работел врз македонска национална платформа, со решение на Македонското биро на КПГ за Леринско и Костурско, како и посебен партиски актив на Македонците во Леринско.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Меѓутоа досега во историографијата сѐ уште не се обелоденети документи за одржување на таква средба. 331 Втората македонска народноослободителна бригада е формирана на 20 декември 1944 година во с. Фуштани-делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Слушајте го и ова: - Во непосредна близина на спомен-костурницата на борците загинати во Народноослободителната борба - да се потсетиме дека Куманово е град на првоборец и херој, во него и во Прилеп пукнале првите пушки - е создадена голема депонија: ѓубре, градежен отпад, стари автомобили, делови од стара покуќнина, и апарати за домаќинство - сето тоа расфрлано на десетина хектари површина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не можејќи да ги игнорираат постојаните информации од страна на британските воени мисии и улогата на СССР во афирмирањето на НОВ и ПО на Југославија, СОЕ во средината на 1943 година пристапила кон промена на својата политика во однос на движењата на отпорот и народноослободителните движења.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Политичкото и военото раководство на Македонија во првите месеци на јануари и февруари 1943 , а имајќи ја предвид поволната надворешна воено-политичка ситуација, презело низа мерки кои го трасирале патот кон позасилен разгор на народноослободителната борба.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со АСНОМ, Народноослободителната војска на Македонија стана регуларна македонска војска со свој Главен штаб под контрола на македонската држава.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Читам: „Грамос ќе стане симбол на нашата народно-ослободителна борба.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)