наполу прил.

наполу (прил.)

Тој е наполу направен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трајковиот дел го зеде Митра да го работи „наполу“, едно за него — едно за неа, оти тие со Стоја се поголема тајфа, та „да може да чкрипне некој и друг лакот за тие црвците децата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но тој насмев остануваше наполу, замрзнат, зачуден, со одвај дофатлив израз на навреденост и збунетост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој ќе си ја заниша главата, наполу луто, наполу лукаво и ќе ти одреди местенцето до нужникот...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Или јас тебе ќе те убијам, или сама ќе се убијам“, му рече еден ден кога Полин наполу го отфрли лебот и другите јадења и започна да ја засмрдува куќата приготвувајќи јадења од разни растенија што така диво растеа во природата: штавеј, блостурци, див спанаќ, лобода, ардукли, киселачка, разјан, зајачко зелје, шумска салата, мајорок, чубрица, дрезга, мечкино грозје, рајчица, шафран, жолта месечина, пиперица, горчица, див лук, брашнарка, граорка, гомбел и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мрачната зграда од камен е наполу разурната од земјотрес...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дуќаните беа уште затворени или - наполу отворени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нивјето вакафски наполу ги даваме, па луѓето нека вршат таму.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кора се вознемири. Не е неможно, мислеше тој, со напола затворените очи, обидувајќи се да си го претстави и да го види.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Хернандо стоеше со напола празниот капак во рацете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Приоѓајќи до масата, ние велиме: ова е масата, а не јас и затоа, еве ти! - и трес со дланката по масата, а масата напола, а ние по половинките, а половинките во прав, а ние по правот, а правот кај нас во уста, а ние велиме: ова е прав, а не јас - и трес по правот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Неговиот пријател, наполу животно, го прашува дали ужива.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нерешително стоевме пред вратата на една од адвокатските канцеларии, во која никој никогаш не влегуваше, и под чија наполу избришана фирма „Адвокат“ стоеше мала пожолтена хартија со дополнување: „Поморска шпедиција - застапник“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Прекршен напола во текот на бурата во 1761 година.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многу години подоцна, во едно дождливо утро, наполу разбудена, таа се сети кога за првпат ја почувствува носталгијата за никогаш недоживеаните нешта.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Еден ден пред бомбардирањето, гратчето се подели наполу.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или некој јатаган ќе те пресее наполу, или ќе ти измислат нешто за да гориш како оној Ѓорѓи Кратовец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
3. Нерамна игра Триаголниците поаѓаат од ист центар квадратот го ништат, правиот злокобен агол еве ја шестката – превртливиот и бескрајно лажлив круг со кука со јаречки рог на врвот наполу слепи, наполу видовити прстите кратат очите врзуваат но, ја преминат ли/ кревката мрежичка на видливото заборават ли на Играта, Домине ќе гргнат невидливите нумери сефироти, корени и децимали деливи и неделиви ќе го скршат јајцето под конец бележитото ќе го издвојат и неверното фикцијата од тристашеесетишест степени ќе ја расцепат на две-три-четири ќе добијат полутки опозиции, ѕвезда до ѕвезда квадрат во квадрат – круг магија, вавилонска перла ниска по ниска алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Влегувам во студеница наместо во топло, фрижидерот наполу затворен. Главната капија ширум отворена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе