набран прид.
набере св.

набран (прид.)

На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Хиперцивилизираната афектираност во облеката на кралот на Непал и неговите придружници, смешните набрани околувратници огромни колку воденици и потпетиците високи како копаните на венецијанска куртизана, се во совршен контраст со дивјачката голотија на Калибан и останатите островјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во просторијата се појави Иле Маленко – Брзакот, онаков каков што сите го знаеја, но сега со рацете на грбот, во лисици, со изразито набрано чело и оѕверен поглед; подзастана, брзо подпогледна в лево и в десно и, бидејќи во недоумица, не се помрдна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Сека година кога ќе стивне туристичкиот џагор во Охрид мојот стар пријател Видое Видически ми подарува тукушто набрани јаболка - непрскани и нецрвливи, како од бога дадени.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Упаднав утрово во сред муабет на две баби во автобусот бр. 5, на добро разработена тема, и со внимание ја проследив сета дискусија која се разви на половина автобус, на горната платформа и сите здушно учествуваа во правењето на сармата, од тоа дали е поубава од лански лист чуван во сол и вода или е подобар свежо набран од „еколошки“ двор во Карпош кај баба Нада, која лозниците никако не ги прска дури не накалапи 30 пакетчиња.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, се мислам дали здолништето да ми биде набрано и долго во „џипси“ стил, косата црна и сплетена во плетенка да ја зберам, а одозгора да се покријам со шарпа и во кугла стаклена да се ѕверам?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Мајко? Не - пред нив нема могила за да ја накитат со билјето низ коријата набрано.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)