набожен прид.

набожен (прид.)

Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Рацете ѝ беа бели и набожни.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лево од жолтата гимназија, закитена со црно знаме, набожната власт градеше дом посветен на царската брачна двојка - Константин и Елена.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Па? Не одговори ни за иследникот ни за себе, како што не можеше да одговори на набожното прашање еднаш, порано, ни оној калуѓер што дојде в болница смерен, набожен и со гонореја.немаше сили и не сакаше да одговори, како секој осамен, изгубен, безнадежен човек.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Моите набожни подвизи го натераа татко ми да ме замислува во црна одежда и брада.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Застана крај отворениот прозорец и се загледа со влажен и набожен поглед во ноќта: куќните покриви беа подвиткани `рбети на џиновски мачки, скаменети во своето вечно демнење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Докторе, доаѓаат ли уште во болницата долгобради набожни калуѓерки со библија в раце и гонореа под мантија?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само на некоја сламка бут од комарец се сушел обесен на пајакова јамка. Набожно христијанско племе.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тоа го направи и еден набожен бугарски војник од дворот на училиштето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Патот за спасение е тежок вели, оти тој пат е еден, и најважно од сѐ е дека тој пат постои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
16 ОД КОЊУШНИЦАТА, во која се сместени падавичарите, тивко, молбено, жалосно, набожно и трепетливо се шири пеење: Црнеј горо, црнеј сестро Заедно да црниме…
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ме гледа стрико Васил, со некое набожно лице ме гледа, и се повраќа по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше набожен глас. Говори, ти ја потресува душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Вујко сум ти, Онисифоре. Не смееш да кренеш рака на набожниот Јаков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некоја набожност трепереше во воздухот. Ни глас ни викот се слушаше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не можев да ги разберам добро овие Мајкини изливи на набожност.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се обидуваше, додека чекоревме крај реката, да ми зборува за својата набожност, речиси за прв пат во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но убаво ја чувствувавме тивката и дискретна набожност на нашите родители, во тешките и неизвесни периоди од нашите животи, притеснети од сиромаштијата и од неизвесните настани на нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)