мршав прид.

мршав (прид.)

Погодуваше: бедно облечена старица со мршава коза пред себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сепак не забележа кога и како падна Германецот, и не виде кога и како се изгуби мршавата жена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Атпазар како атпазар. Тука имаше и убави арапски коњи и мршави магариња; и убави расни бикови и волови, и мршави планински крави и телиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Шинтерот чекореше крај мршавото коњче и имаше модро набабрено лице на удавеник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Згасна црвенината. Грее мршава месечина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пред него стои мршав човек во пижама.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во актот се соопштуваше и ова: во една улица, блиску до центарот, млад мршав човек го чекал валијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ додека не надојдоа сосема блиску прерд него, така за да можат да им бидат видени и нивните остри муцки, и нивните опашки, издолжени зад нив и секоја од нив како прекршена во својата средина од гладот и од мршавоста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едниот шишкав, црномурест и намуртен, другиот мршав, русикав и само си ја преџвака насмевката на усните.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А за тоа требаа дрва, кои селаните со своите гладни и мршави магариња не беа во состојба да ги донесат ни лебот да го испечат, та остави за греење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Киле беше мршав и бледолик, но сепак од лицето му зрачеше некоја привлечност на која не можев да ѝ се протиставам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бевме едни мршави како рошки какви што бевме ние тројцата браќа и џбитаци каков што беше Љакето кој личеше на боримечка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа не е ни мршава ни дебела, туку со шарм ја пополнува својата униформа со боја на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Постарата сестра сега просто липа, конвулзивно ѝ се тресат мршавите раменици.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Орде Годивец го оставаше почтително својот кум од десната страна, а овој врвеше полека, нога за нога, мршав и височок, со малце повиен врат и една така блага, сепростувачка усмевка на лицето, како да е некој нов Исус, што веќе многу години влече невидлив крст по бескрајна Голгота и од тоа му се повиени рамениците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ги слушаше Пискулиев овие жаловити зборови, ја подисправаше некако својата мршава, извиена снага, со клапнати рамена, како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе на таа сиротна жена, и најпосле одговори како што го учеше неговата смирена и блага душа: „Не бери гајле, тетко Спасие, ти само учи го да гледа што правам јас, јас сум ги минал тие патишта”.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)