мрцка несв.

мрцка (несв.)

Седиме така покрај реката со Ристета, ги мрцкаме нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас носам ладна вода: му ги мрцкам прстите, му ги жулам, му ги тријам и прстите и вратот и ушите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го мрцкаат носот во танките чорби, ги оближуваат лажиците и само ждригаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)