мрзне несв.

мрзне (несв.)

Страва не минеше од нас. Од смртта исплашени тогај зедовме оружје в рака. Чувствувавме дека ни мрзнеше крвта..
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не можат да се договорат. Пак седат, молчат и мрзнат. - Добро, јас ќе ставам прв, - вели Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ако сега не стават дрва огнот ќе изгасне и после ќе мрзнат и двајцата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Она се подаваше да биде само сетено, залебдено и вистинско во таа беликава темнина, што мрзне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Едно одделение од оние борци во англиска, или германска, или италијанска, или измешана од сите униформа, со шмајзери на градите, одело секогаш околу него, едно одделение партизани, штотуку слезени од шумата, по пустите голомразни улици на таа есен, кои во вечерите се исполнуваа со митинзите, баклјадите и демонстрациите, а во другото време оној се шетал низ тие улици и ретко кога излегувал без својата охрана, без тие добри, наивни борци, ослободители, со долги коси одзади, со реденици, оние што се фотографираа сосе шмајзери по црвоточните фотографски работилници, а нивните фотографии мрзнеа по излозите, избоени со мастилави бои, вплетени во некакви срца, или излепени на џепните огледалца, оние сѐ уште со крпени петокраки на капите, што имаа најразлични и најнеобични форми, оние со изрезбарените петокраки на кундаците и со толку решки во дрвото, колку непријатели секој од нив убил, едно одделение такви борци, поредени од сите негови страни, а тој во средината, натегнат и голем, плештест и црвен во вратот, широк и мирен во чекорот, со неколку пиштоли и слични тракатанци, додека луѓето наизлегувале на прозорците и тоа да го видат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од тоа понекогаш почнуваше да боли по лицето и под очите; беше некакво самосожалување и го тераше да солзи, онака гладен, онака заздишен, онака бессилен и онака сам пред тоа нагорно море од снег, крај тие скочанети стебла, од чијшто допир му мрзнеше преклонетото чело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не смееме да дозволиме да ни мрзнат другарите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
— Како знаеш да ја ликвидираш оваа работа до есен, да не мрзне и гладува аскерот и на зима.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. Не гледаш оти и он тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти сиромасите мрзнеат — ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нивните гласови ги мрзнат во ушите, како најдолг и најструден мрзулец, кој ти достасува до душата и срцето и кој ти ја остинува и крвта и снагата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ни излегуваат солзите на очи, но студот и нив ни ги мрзне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни мрзне на уста, не излегува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни донесоа вода и крпи, ама и водата мрзне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шамијата не си ја ставив преку глава та рацете веќе ми мрзнеа.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Земјата мрзне, се дроби и затоа е толку ровка.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Колкот веќе го болеше и стапалата му мрзнеа, ама тој од Туз-пазар, наместо да се управи кон мостот на Вардар, оној мост што ти имал четиринаесет сводови, а бил од вакуфијата на гази Иса-бег, појде да ги разгледува маалата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога ќе си го здогледал инкасаторот – ти се мрзнела крвта.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)