молер м.

молер (м.)

Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пораки, збогувања, бакнежи, солзи и, така, возот се одлепи од скопската станица. Бил молер, па шивач...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А во Германија, во Минхен, го оставил шиењето и станал молер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Читам на Интернет како сме го попушиле на самитот на НАТО во Букурешт: само Америка нѐ поддржала, а сите останати си свиркале загледани во плафон, бетер од дебарски молери!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Нивниот молк возбудува Нивниот поход е тиха побуна на некој замислен молер Зборот е малата надеж на осамените. приказната во него е како семката во плодот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И неговите пријатели, кои го сочинуваат неговиот свет, исто така се луѓе како него, водоводџии, малтерџии, молери, дрводелци, електричари, мајстори за покриви на куќи, и луѓе што го снабдуваа со тули, цемент, вар, песок, дробен камен, тер-хартија, железарија и дрвена граѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мачорот му беше подарок од молерот Чарли Аленешмит за кој Милан потпишуваше договори за кооперативни соработки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)