може (мод.)

Каравлашко не може да го допушти на неговите граници создавањето на една голема Бугарија, која, може, после ќе ја бара од неа Добруџа!
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може ќе го наречат и предавство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може Бугарите и се прави кога мислат оти Русија без Бугарија не може да саштествува, ни политички ни економски, но тоа е бугарска политика, а јас не сум намерен да политикантствувам бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Може, не колку јас него, ама пак ме сака".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најстина, тебе може не ти е толку по ќевот да те прашам секоа недела, токо, лели те ватал такцирот, се ќе видиш, се ќе чуеш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Може, но јас не сум првпат тука, - човекот гледаше во детето со долг, топол поглед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Хе. Може. Ама не се гоштевајте на мене кога си знаете дека сега сте вие ставени на маса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Љубене, можи е гревота да ти речам, ама до кога мислиш вака сами да бидете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како можел татко ѝ на тоа да се согласи, се чудев.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Треба живи да горат, вели Маса Ќулумоска, може во нивниот живот е и животот на болеста...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си молчи тој, на друго место се загледал, се зафатил. Може со војските, со фронтот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Големите се договараат, вели Ѓеро Ѓенески, може ќе дадат автономија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Може ајдутинот беше сокриен тука некаде, во врбиците, и ги држеше на нишан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тие може нема да дојдат? Може Хаџи Ташку не направил поплака кај властите?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сум ги барала и Апостол Макаровски и Манол Форевски и Лазор Рогожаров и Оливера Поточка, и... си ги барам така другарите... а може само Никифор мој го барав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отиде и ќе дојде, преку Гибралтар ќе дојде, а може преку Дарданелите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заборави го, вели Оливера Поточка, може некој сон да ти дошол на јаве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Може го болело грло, од каде да знам.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Можеби Водомар легнат во песочна длапка секакви соништа ткае од езерска капка.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Повеќе