млитав прид.

млитав (прид.)

Тоа беше Кузман, осумнесетгодишно момче, високо и танко како стебло, со долги млитави раце и голема глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му ја фати раката тешка, млитаво опуштена.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чу како шушливо му се пушти гласот и млитаво и тапо падна во свеста на Арсо: - ... Смрт со бесење...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зад него, на брегот, неколку навивачи, еден во капечки костим, друг во избледена маица без ракави и куси пантолони, третиот актер со минималната чивава, сите со запалени цигари; две фрлени уловени рипки, едната претка, но млитаво, околу другата, неподвижна, се одомаќиле оси.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Намрштено ми ја подаде раката; јас силно ја затресов, но освен тоа што дебелите румени обравчиња кратко му завибрираа, раката му остана млитава во мојата рака, исто како и раката на братучетка ми Кристина, едно мало, слабичко девојченце со огромни очила со дебели стакла.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Главата на Даниел млитаво се клатеше, како да беше ја изгубил контролата на вратните мускули.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Натпреварот, како што гледате, продолжува, опуштањето и млитавоста се дозволени при вакво водство, а сетики не се земаат за големо зло и честите буричкања по сеќавањето како минатото да е сегашност и како спомените да се за најаска, а нам на Македонците, најголема најаска уште ни е меѓусебната пизма и само таа нѐ надживува сите нас.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)