минувач м.
минувачка ж.

минувач (м.)

И зошто ја жали вдовицата минувач тажен, солзите свои ги трие?
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Седнавме под кралскиот бронзен јавач, запаливме една цигара и пушејќи сите од неа го гледавме слабо осветлениот плоштад по кој врвеа минувачи и трепетливи сенки и ту луѓето во сенките се заплеткуваа, ту тие во луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Еден човек со скршена челна коска, и блед шофер, и полиција, и минувачи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И така направија. Продадоа што имаше за продавање уште со растоварањето и младиот Митре ги подобра магарињата пред стап: – Ке ги појам вода – му рече на еден минувач што се пошегува и го праша каде ќе ги тера толку магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
О, вие минувачи! Симнете му капа на дрвово и поклонете му се!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Ретките минувачи брзаа да се приберат некаде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На плоштадот, меѓу сините гулаби, лежеа накострешени стаорци и ги мереа со крвави очи минувачите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа ја нарушуваше и расцепуваше тешката монотонија напластена над сивите покриви и уште оддалеку ги мамеше погледите на минувачите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа долго и без цел се влечеа низ сивилото на улиците бесмислено загледувајќи ги минувачите в очи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: Сега е доцна. Минувачите околу тој агол се сосема ретки, може некој од неговите луѓе да Ве забележи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во овој дуќан, потонат во секојдневната тишина, сега може да го привлече интересот на минувачите и подозривоста на полицијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие се можеби, чекори на случајни минувачи, а можеби тешките скорни од чуварот на овој одвратно глупав поредок. Да! Во тоа е сѐ.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тукушто ќе избега од нив, еве ги тркалата на некој автобус, еве ги нозете на некој минувач или количка на некое бебе. Ах, каква брканица!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој ден во градот почнаа да се случуваат најневозможни, просто несфатливи нешта: наеднаш цела една петокатница блесна како илјадници невидливи молери да ја премачкале за секунд со сончева боја; наеднаш една липа се претвори во златно дрво, чии лисја место да шушкаат нишани од ветрот, почнаа да ѕвонат; наеднаш железната ограда на мостот стана златна, а еден минувач изненаден од тоа, падна во реката...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пасторалата ја дополнуваат усамените минувачи во прегратката на песокот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се втутнуваше во рацете на минувачите, си играше, скокаше и „крадеше“ слатки и грисини, на општо задоволство на минувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И толку убаво свирел, што со мелодиите го запирал здивот на минувачите од под кулата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби тоа е моментен впечаток на обичен минувач, кој нема време подетално да завлезе во тајните на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сети се на денот, навидум како и секоја друга (улица сосем обична малку каллив снег, замислени минувачи) кога спокојна ја наведна главата врз твоето раме.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Меѓу нас – двонасочно попречено движење – триста и педесет разметливи минувачи, автомобили.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Повеќе