минофрлач м.
минофрлачка ж.

минофрлач (м.)

Толку недели и месеци морал да носи токму такви тежини на десното рамо! (Добро, тој никогаш го нема спомнато тоа, но мајка ми ми има раскажувано за неговиот пријател Словенец и за цевката од минофрлачот што Даскалов честопати ја земал на своето рамо за да му помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Авторот не наведува колкава количина железо и олово во исто време и на истиот простор чија површина изнесува 5 километри во должина и 2 километри во ширина ( 5х2= 10 квадратни километри) фрлија минофрлачите, тенковите, артилеријата и пешадијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Противникот знаеше каде сокривме глави и ката ден не биеше со топови, минофрлачи и најмногу со авиони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тогаш топовите и минофрлачите го дотолчуваат тоа што не успеаја да го столчат авионите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Седумдесет авиони кои полетаа од аеродромите во Лерин, Рупишта и Кожани во пет часот наутро ги нападнаа позициите на ДАГ, а половина час подоцна, рововите и бункерите почнаа да ги бијат сто и четириесет топови, уште толку тешки минофрлачи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)