милувка ж.

милувка (ж.)

Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Неколку забрзани милувки, нејасен шепот за нешто заедничко и мило, заедничко барано и сепак далечно, недостижно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кротката детска рака беше како топла мајчинска милувка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ги пречека горе, како нежна милувка, кротко планинско ветренце.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Ѝ одговараше Толе, а таа верувајќи му дека и Светијован си имал посестримка, уште повеќе го стегаше со меките бели раце и го посипуваше со бакнежи и милувки. (Митра не работеше полски работи кај стариот Брлета та затоа рацете ѝ беа меки и бели).
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го срка кафето со израз на задоволство – од тивките милувки на сонцето по тилот и топлата црна течност низ грлото.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Таму се славеше здравјето, тука смртта, но и во обете слики, светлината што се разлеваше низ фигурите и целиот предел (слична на онаа што пробивајќи се низ малите отвори на распнатите метални мрежи против инсектите, ја исполнува утробата на собата) беше како од милост небесна која го менува средениот однос што долу навидум владее меѓу ликот и гласот, меѓу предметот и движењето – блажена милувка на етеричниот Отец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Две птички... на црешово стебло во густите цветови, милувки Две птички сиот универзум е со нив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Би сакала да сум цвеќе, и во милувки да те галам да бидам ноќна птица, и кога телото твое жар ќе жари ко змија со јазикот оштро, да пијам сок од твоите жили, и така в бессоница, да те милувам тебе мојот најсакан цвет, што рози и ме мори...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)