микроскоп (м.)

Мил лежеше на земја - мртов; околу него парчиња од испокршени епрувети, шише со гасови, глинени садови, кварцни лампи, електрични жици, леќи, микроскопот...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Смит викаше, а под нив, во таа чудна соба, крвта течеше во капсули, разматена, се обрнуваше во центрифуга, беше размачкувана на стакленца, под разни микроскопи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Набргу, финиот прав јурна кон ретортата. Го ставив под микроскопот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Капетанот умре. Големите кристални микроскопи започнаа да ги набљудуваат црвените снопови од мускули; металните прсти се зарија во срцето што сѐ уште работеше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Исповеднички ѝ шепотиш. „Утрово издркав и си ја набљудував спермата под микроскоп.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Заборавена книга на камен, крај жена, во тунел, на ѕвезда, под биро, во купе, на тезга во рамка, под микроскоп;
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
„Се разбира, не; но направивме нешто подобро и ги прегледавме спојките од секој стол во куќата, а со помош на најмоќниот микроскоп и секое составно парче од целокупниот мебел.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)