мижурка несв.
мижуркав прид.

мижурка (несв.)

Черечи ме, Цезар, му рекол на лавот; ѕверот болно мижуркал и останал неподвижен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се буди исплашена. Гледа: утрото одамна влегло во одајата исполнувајќи ја со црвена светлина слична на пожар; прозорецот мижурка заслепен од неа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Всушност, на врвот од една бандера мижурка гола светилка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мижуркам: низ трепките сончевината се распаѓа во многу дробни ѕуници.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Врз огледалото во кои си ги гледаа суратите кутрите Егејци додека Нанчо ги лупеше со машината, навечер мижуркаше слаба светилка, ама за мене беше добра за да поднаучам уште нешто кога немаше муштерии.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога Пандо влегол во темницата горе на катот, на цепнатините околу ќепенокот, гледа – му мижурка светлина!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го праша стариот кој е, кого бара, од каде доаѓа, но тој само молчеше, мижуркаше не дишеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па најпосле, признавајќи си дека и тој е уморен како загар, легна како клада и зажали што место мртовечкиот покрив на шаторот не го гледа барем отсечокот на небото што му беше даден и во чие бледо мижуркање на ретките ѕвезди можеше да се замисли некоја желба што ќе ја изгасне првата стрела на сонцето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ е стишено. И кандилцето не мижурка. - Мајчице Богородице, си издржала. Простум пред Светиот Крст... пред Чедото Распнато...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се загледува горе. Високо, таму во недостижното, мижуркаат ѕвезди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во кратките летни ноќи, лежејќи на рогозина врз калдрмата во дворот (дома не спиевме лете зашто не јадеа болвите) и загледана во безбројните ѕвезди што мижуркаа на небото кое од едната страна беше заградено со куќата, од другата со тремот за овците и до него фурната, па натаму од високиот ѕид што нѐ делеше од комшиите и од долната страна со високата порта и авлијата, си мислев: ете, уште малку и како што ми вети тате, ќе одам во Костур да учам за шивачка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)