миговен прид.

миговен (прид.)

Зачудо, очите ѝ се насмевнаа, ни малку изненадени, додека ја сослушува мојата неповрзана приказна, па охрабрени, дрско ѝ велам дека снимката развиена во чудесната лабораторија на Мен Реј е само миговен отпечаток на мистеријата што, вон пролетта и зимата, постои отсекогаш.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Одненадеж се случи она најстрашното: тој ме беше налегнал и ме беше сковал распнат, го гледав озлобеното лице над мене, сторив напор да се поткренам, ама не се можеше, миговно се свртев влево и го закасав во десната рака.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со големо спокојство му се доближи на автото, миговно оперираше, откорнатиот амблем го мушна под маицата и сосем спокојно се врати кон нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не се сеќавам, како беше понатаму... а убаво ни беше на оваа миговна височина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Два воза што во некоја чудно халуцинантна ноќ миговно се разминуваат во одблесоците на стаклата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Големата шамата стигна до човекот во главата на возот и оти што туку се засилуваше успеа да го запре со неколку повлекувања на кочницата чија сила помина под вагоните како миговна секавица среде лето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јагулата, сирена на студените мориња што го напушта Балтикот за да им се придружи на нашите мориња, на нашите утоки, на реките низ кои се движи, узводно, в длабини, и пресрет на дивини, од ракав до ракав речен, сѐ поневидлива постојано сѐ подлабоко, сѐ повеќе во срцето на каменот, провлекувајќи се низ бразди од тиње до денот кога светлината ќе блесне од костените и ќе ја запали молњата во барите на мртвите води по удолните длабини на апенинските стрмнини кон Ромања; јагулата, факел, бич, стрела на Амор кон земјата кајшто сал нашите бразди и суводолици на Пиринеите водат до рајот на оплодувањето; зелена душа што бара живот таму каде што е сал апеж од жега и тага искра што вели сѐ почнува кога изгрева стебло исушено и јагленосано; божилак миговен, двоглед внесен меѓу твоите клепки и блескаш неизвалкана меѓу синовите на човекот, потонати во твојата кал: зар можеш ли ти да не ја сметаш за сестра?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Писателката миговно се стаписа, посака да е меѓу децата, и таа да поздравува, тоа е полесно, а на нејзиното место да е некоја друга личност.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Само миговно, небаре миг на навраќање кон детството, а потоа се врати во реалноста, започнувајќи ја средбата што ја прифати не само како обврска, туку сесрдно - како составен дел на сопственото опстојување.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Миговно го почувствува погледот на Нина, ѝ стана незгодно, се воздржа да не се вцрви и се загледа низ прозорецот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Попот велеше дека тоа бил божји зрак и знак за негово миговно појавување.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во миговен молк чув како надвор светна и загрме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој е во една посебна состојба на духот во која веќе нема граница меѓу реалноста, миговната, и онаа реалност што сака да ја претвора во фикција.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Словенска антитеза Дали ветер се дигна над морето под небото дали птиците се вратија и топлите времиња дали јазикот се поднови и смислата или миговните богови збор зедоа и загинаа та преметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината ги размножија и душата ми ја изнесоа на отворено како разговор во акропол да не смее да биде сама а да сака?!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ни ветер се дигна над морето под небото ни птиците се вратија, ни топлите времиња ни јазикот се поднови, ни смислата ни миговните богови збор зедоа ни загинаа - предметите, луѓето и соништата безобѕирни просторот и горчината да ги размножат и душата да ми ја изнесат на видело како разговор во акропол та да не смее да биде сама а да сака, Но мислата ми се воздигна кога Го видов!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но тоа траеше само миговно. И да траеше подолго немаше враќање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Градинарот Раиз, без да го прашам, забележувајќи ја мојата вознемиреност, но и моето миговно смирување, кога ги видов сите живи и здрави, ме пречека смирено со зборовите: - Не грижете се.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие денови, постојано го одлагав одговорот на едно од мајкините писма, за сметка на овие дипломатски депеши, кои имаа миговно значење, како обичен воден цвет, кои еден ден ќе завршат во архивските гробници Во моите очи оживуваше мајкиниот ракопис, видливо неизменет уште од првите урнеци на првите учители кај француските лазаристи во Солун.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И времето е изминато, одминато, а тука, сега, во сегашното, денешното, во ова миговно време, сега сме во одминатото време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога Огне го мина превалецот, во Ѕвезда пламна толку силен огон - небаре миговно ќе ја изгори.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Повеќе