метар м.

метар (м.)

И кога наскоро излегоа на првата височина, откаде што се гледаше целата околност како на дланка, пред очите им се покажа радосна глетка: во самото подножје на планината, низ високите пченки и приведените главички на сончогледите, раздвижени како мрави, работеа младинците, се разнесуваа тврди удари од копачи и лопати, а во должина од неколку стотини метра се црнееја купишта од ископаната земја....
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Митре служи во српската војска на Соколот, на доглед на својата куќа, на своето село, а ништо не знае за своите, а уште помалку дека брат му Петре стои против него, на дваесетина триесет метри во бугарските окопи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога се доближија колку на еден метар раздалечина, како по договор застанаа и децата, застана и Мартин.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Како тек, најодзади беше врзан Стојан за Анѓа. потоа ги врзаа двојките една за друга со друг синџир на по метар растојание, така што врзаните можеа да одат два метра еден по друг во должина и еден метар во ширина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но се задржа кај старците цел ден и ноќта преноќева тука во дворот под ведро небо и точно разбра дека водата во тврдината е доведена со ќумци од Беренското Чешмиче, кое е надвор од тврдината 400-500 метри, та уште утре ќе им ја запре и ќе ги принуди да се предадат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Половина метар во каменото тело веќе е направен пробив.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште половина метар, уште половина метар и.. . длетото потскокнува и падна од раката на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ширината на улицата е четири метри. Во тоа нема сомневање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги приближуваше и ги подготвуваше и најодалечените трупци по ќошковите на таа просторија, ги прибираше пред себе како некое стадо, додека можеше да се оддели од пилата и да ја остави неа да беснее во срцевината на оној, што сега го работеше, а под неговите раце тие и по еден метар дебели трупци ги напуштаа своите места, вкопани во пилотината и почнуваа да се префрлаат еден преку друг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе си ги собујам опинците и ќе се спуштам со појасов два-три метри подолу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На педесетина метри пукотот најпрвин се збуца во гумите и тие со шишеж ја намалија големината и ја загубија стабилноста.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И, како по правило, на стотина метри од главната плажа, детето ќе го свртеше својот коњ во морето и набргу меѓу брановите ќе можеа да се видат само две глави: црната на детето и белата на неговиот коњ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Набргу, на дваесетина метри од брегот, тие го прифатија давеникот и одејќи кон плиткото, го изнесоа на брегот. Беше жив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пропаѓајќи до градите во снегот, валкајќи се, помагајќи се со пушката, со стапот, Бојан можеби измина дваесетина метри по угорницата, каде што под снегот требаше да биде патчето што водеше кон Гола Глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долу, на стотина метри под нив, забележаа едно девојче како со две стомниња в раце брза кон изворот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денко појде. Се изјази можеби едно два-три метри по карпата, со голем напор, и гребнатини по рацете, а тогаш се слизна и се струполи удолу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толе стана простум, и како што беше поткачен на ѕитчето, излезе за цел метар и повеќе повисок од селаните, та сега можеа да го видат, и да го слушнат и последните од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе