малинов прид.

малинов (прид.)

Оче Симеоне, кога тој човек би лежел на калдрма, ситен да ја сокрие под себе темната дамка што никогаш не личи на малинов сок, што би видел низ дебелите стакла?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Нож, одмазда, омраза. Црвена омраза, бакар в коси, малинов сок, крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите, и старците, и бабите, и децата беа закитени со кивчиња од џунџуле и босилек, ги носеа на капите, на дартмите, во косите над десното уво, на облеката на градите, а чупите на главите носеа венчиња од малиново дрво и полски каранфили и во рацете црвени рози.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)